Свечено одбележување на големиот јубилеј на МНТ

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март, со стендап-шоуто „Шоубиз“, во изведба на белградскиот и светски познат актер Никола Ѓуричко. Тој е наградуван актер и во театарот, филмот и телевизијата, чија долга и успешна кариера му го отвори патот до значајни улоги на холивудската сцена. Тој е долгорочно поврзан со Југословенското драмско позориште (ЈДП) во Белград, каде што беше постојан член на ансамблот уште од 1995 година и каде што реализира голем број успешни театарски улоги, а од крајот на 2019 година живее и работи во Лос Анџелес, САД.
Ѓуричко e светски препознатлив и по улогата на Јури во хит-серијата „Стрејерс тингс“, како и во филмот „Ворлд вор 3“ и други меѓународни продукции. По три години од успешниот стендап „Сѐ што сакавте да знаете за Џони, а никогаш не се осмеливте да го прашате“, Ѓуричко подготви нова програма под наслов „Шоубиз“, со која настапува низ Србија, регионот и дијаспората во рамките на големата турнеја.
Новиот материјал, како и претходниот, е потпишан од актерската ѕвезда и се однесува на неговиот живот, кариера и семејство.
– И оваа шоу-програма на духовит начин ги раскажува интересните детали од неговиот живот и – „Шоубиз“ е моето ново стендап-шоу. Речиси три години не настапував, па се зажелев за луѓе, за публика. Имам многу нов материјал… тоа се само некои нови животни искуства и сознанија, кои сакам да ги споделам со луѓето, како на пример зошто ме фаќаа за јаката, зошто морав да присуствувам на породување или зошто го пријавив син ми во полиција – вели Ѓуричко.
За 30 март Ѓуричко најавува вечер исполнета со хумор, анегдоти и лично сведоштво од меѓународната кариера.
Неговиот настап е дел од роденденската прослава на МНТ. Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде што беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори што оставија достоинствен белег во институцијата. Годинава, пак, прославата се надоврзува на таа традиција, со ново проширување – рецентни меѓународни гостувања и настапи на светски познати уметници, како сведоштво за континуитетот и современата визија на театарот.