Фото: Oпштина Крушево

ФОТОВЕСТ

Вредните раце на учениците од ОУ „Никола Карев“ од Крушево ги обоија скалите на улицата што го носи името на незаборавниот македонски пејач Тоше Проески со црна и бела боја, како клавишите на пијаното. Создавајќи прекрасен спомен за оваа македонска поп икона, тие направија и нова атракција во градот.
– Овој гест покажува дека љубовта и сеќавањето за него живеат во сите генерации. Децата се најубавиот доказ дека Тоше и понатаму нè инспирира да градиме добрина, хуманост и единство.Благодарност до наставниците Емил и Надица, учениците и сите што помогнаа оваа уметничка порака да биде дел од нашето Крушево – рече градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.