Фото: Пиксабеј

Животни

Доколку сакате да го зголемите внесувањето витамини кај вашето куче, погледнете какви зеленчуци можат да јадат кучињата бидејќи се одлични за нивното здравје.
Морков: Морковите често се омилено уживање на зајаците, и тоа со добра причина! Богати се со калиум, витамини А, К1 и Б6, но исто така се нискокалорични и носат придобивки за кожата и видот. Покрај тоа, на кучињата ќе им биде интересен овој зеленчук затоа што е крцкав, па може да го користат и како игра и уживање.
Краставица: Краставицата е уште еден крцкав нискокалоричен зеленчук полн со вода, може да послужи како одлично освежување, но и извор на јаглехидрати, влакна, протеини, витамини Б, Ц и К, магнезиум и калиум.
Целер: Целерот има силен вкус, богат е со вода и нискокалоричен, содржи десетици вид антиоксиданси и антиинфламаторни супстанции, витамини А, Б, Ц и К, манган и калиум.
Спанаќ: Спанаќот е вистинска ризница на железо, магнезиум, витамини А, Б6, Е и К, што го прави одличен за кучиња со кардиоваскуларни и воспалителни проблеми. Спанаќот не треба да им се дава често на кучињата, бидејќи може да предизвика песок и камења во бубрезите и мочниот меур и да предизвика иритација на желудникот.
Брокула: Брокулата е растение со интересен облик во кое уживаат многу кучиња. Таа е одличен извор на витамини К и Ц, калиум и магнезиум. Сепак, треба да се има на ум дека, поради големото присуство на влакна, брокулата често предизвикува гасови, слично како карфиолот.
Компирите исто така треба да им се даваат на кучињата, но варени, никогаш свежи. Свежиот зеленчук треба добро да го измиете пред да му го дадете на вашиот миленик. Зеленчукот како коренот од целер треба претходно да се излупи. Кучињата се сештојади, но нивната исхрана се заснова на месо, затоа треба да се внимава да не се претера со зеленчукот, особено што квалитетната храна за кучиња веќе содржи доволни дози од потребниот зеленчук. Доколку забележите дека на вашето куче му пречи одреден зеленчук, не форсирајте го да го јаде дури и ако се смета за добар, бидејќи секој организам различно поднесува различна храна.