Во овој број, драги деца, ја објавуваме песната што писателот Христо Петревски ни ја испрати први да ја објавиме. Се радуваме што токму страниците на „Колибри“ се местото каде штомакедонските автори ги промовираат своите дела наменети за младите читатели
Најново од бележникот на писателот Христо Петрески
Не му го земај оревот од устата на гавранот
Зашто тој сака да го исколва слаткиот и мрсен плод
Нека не остане празен неговиот отворен клун
Зашто тој собира и за децата – неговиот род
Го фрли оревот од височините на највисокиот камен
И тој не се распука сосема туку сепак сочува
тврда лушпа
Па повторно го грабна со црните канџи
и го крена високо горе
Со надеж дека во вториот обид – надежта нема
да биде пуста
Набљудувачот веќе ги вкуси ронките од
волшебното небеско стебло
Па отиде да пладнува на тревата послана
со жолти лисја и без сенка
А единствениот гарван прелета над неговата г
лава свртена кон темното небо
Но не виде ни еден друг гарван со орев в
о клунот и не го фати веќе дремка