Клаудија Рогович е младата писателка од Полска, која неодамна се обрати со писмо до издавачката куќа „Македоника литера“ и им ја испрати песната што ја напишала за Гоце Делчев, препеана на македонски јазик. Но, како што велат, тие не објавуваат песни, туку книги, па затоа ја објавуваме песната на нашите страници, ексклузивно, во пресрет на 4 мај, денот на загинувањето на македонскиот национален херој.
Клаудија Рогович е родена на 5 април 1987 година во Полска. Учела во католичко средно училиште во родната Даброва Горница, каде што живее.
Таа е авторка на две публикации (збирката поезија „Живот под кирија“, драмата „Гдањск-Олива во ноември“ и збирката драми „Бел град“) и на неколку онлајн публикации (збирката поезија „Без дозвола“, драмата „Ходкевичиус заминува!“ и други). Нејзината приказна „Час по географија“ е објавена во полско-германска антологија за детството. Некои нејзини песни се објавени во словенечкото книжевно списание „Ментор“. Нејзините дела се преведени на англиски, словенечки, германски, литвански и на летонски јазик. Исто така, таа е заинтересирана за културата, историјата и фолклорот на Литванија.
Човек со прекрасно срце
Секогаш со себе носеше книги,
срцето му беше од цвеќиња
и сафири.
Кога дојде време за делото,
заискрија камењата,
со повик да се промени лицето на Земјата.
Кога некој прв пат
го стисна чкрапалото,
овенаа цвеќињата и одлетаа
колибријата.
Има таква камена гробница,
каде што
каменот не кажува ништо
освен името –
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ.
Клаудија Рогович