Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје распишува Конкурс за литературни и ликовни творби на темата „Крушево“, односно за градот Крушево, Илинден, Мечкин Камен, црешовото топче, Македониумот, Крушевскиот манифест, Никола Карев, Питу Гули, Никола Киров Мајски, Тоше Проески и за други личности и културни, уметнички, историски, географски и туристички знаменитости.
На конкурсот можат да учествуваат деца и ученици од градинките и основните и средните училишта, студенти, но и возрасни автори. Секој учесник може да испрати свои цртежи, раскази, есеи и песни. Творбите треба да бидат потпишани со име и презиме, градинка, училиште, факултет, име и презиме на менторот и мејл на кој ќе ги известиме учесниците на најдобрите литературни и ликовни творби.
Сите литературни и ликовни творби ќе бидат поделени во неколку категории: градинки, основни училишта, средни училишта, факултети и возрасни автори, а ќе бидат доделени награди – комплети книги на најдобрите автори.
Конкурсот ќе биде отворен од 15 август до 1 октомври 2025 година, а свеченоста и врачувањето на наградите ќе бидат на 15 октомври 2025 година во 12 часот во културниот центар „Феникс“ – Скопје.
Творбите треба да се испраќаат на мејлот: [email protected].