Промените се вообичаени во природата, а необична мутација е забележана кај крокодилите во Габон. Имено, во пештерите е откриен џуџест крокодил со портокалова кожа, за кој се верува дека ја променил бојата поради пливање во кал. Не е јасно колку промени се случуваат, но генетските истражувања сугерираат дека можеби се работи за трансформација во нов вид.
Овој вид крокодили живеат во целосна темнина, уживаат да се хранат со лилјаци и пливаат во течна кал. Научниците сè уште не знаат колкава е нивната популација или кога го прифатиле овој подземен начин на живот, но се претпоставува дека тоа трае илјадници години. Научниците велат дека можеби настанува процес на еволуција во нов вид.
Крокодилите што живеат во пештери првпат биле проучувани дури во 2010 година, а студијата од 2016 година, која ги споредувала со нивните роднини што живеат во шума, покажала голем број разлики меѓу нив. Нивната исхрана е многу различна од онаа на пештерски крокодили, кои се хранат исклучиво со штурци и лилјаци. Тие откриле дека пештерските крокодили генерално се во подобра состојба од оние што живеат во шумата, што, според тимот, најверојатно се должи на изобилството на достапен плен и недостигот од предатори. Истражувачите, исто така, забележале дека пештерските крокодили лежат на јајца на влезот на пештерите и дека младите остануваат во темнината.
Метју Ширли, биолог за заштита на Меѓународниот универзитет во Флорида, рече дека генетската анализа на крокодилите сугерира дека портокаловите пештерски крокодили можеби мутираат поради хаплотипот (група варијанти на ДНК наследени од родителите), кој бил пронајден во пештерата, а не бил присутен во шумите. Оваа генетска промена е доказ дека пештерските крокодили се развиваат во нов вид.
– Крокодилите во пештерите Абанда се издвојуваат како изолирана генетска група – изјави коавторот на студијата, Ричард Ослисли, истражувач во Францускиот институт за истражување на развојот.