Фотовест
Општина Пласница, со цел да им помогне на родителите на првачињата, кои на 1 септември првпат седнаа во училишните клупи, обезбеди училишни ранци и комплетен прибор.
Риза Реџепоски, директор на основното училиште „Мустафа Кемал-Ататурк“, на првачиња и на сите ученици им посака многу успех, среќа и радост во учењето.
Тој напомена дека, за жал, бројката на првачиња во ова училиште од година на година е сѐ помала, а главна причина за тоа е иселувањето на младите, кои заминуваат на печалба во странство.
Реџепоски истакна дека во текот на учебната година на повеќе начини ќе им се излезе во пресрет на 37 од вкупно 274 ученици што учат во ова училиште за да можат непречено да ја следат наставата доколку нивните семејства имаат пречки да го финансираат нивното школување.
З.А.