Дали сте знаеле
Сите четири „гасовити џинови“ (Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун) имаат прстени, но Сатурновите прстени, кои може да се видат и од Земјата со помош на сосема мал телескоп, се широки, светли и величествени.
Како што може да се види на деталните слики, направени од вселенското летало „Војаџер 2“, прстените се составени од милијарди блокови мраз и карпи. Нивната големина се движи од карпи со големина на куќа до ситни парчиња со големина на снегулки. Тие се дебели само неколку десетици километри. Некои астрономи сметаат дека прстените се, всушност, делови од Сатурновите месечини, кои биле распарчени од некоја комета на поминување.
Од Земјата се распознаваат три прстени. Надворешниот (А) е одделен од другите два, кои се наоѓаат во неговата внатрешност (Б и Ц), со пукнатина наречена Касиниева пукнатина. „Војаџер 2“ го забележал постоењето на побледи прстени надвор од прстенот А. Покрај тоа, вселенското летало утврдило дека секој прстен е поделен на илјадници помали прстени.
(Од детската илустрирана енциклопедија „Прашања и одговори“ на „Топер“)