Фото: Пиксабеј

Домување

Автомобилот е направен за да се вози, а не за да стои. Старото правило е дека ако автомобилот не се користи, разни делови кородираат побрзо, а цевките ја губат еластичноста, стануваат кршливи и се зголемува можноста да попуштат. Колку долго може да стои горивото во резервоарот на автомобилот? Многу автомобили без проблем се оставени повеќе месеци на паркинзи или во гаражи, без да се размислува за тоа. Но горивото сепак има релативно краток рок на траење и треба да се обрати внимание на тоа. Само за да не дојде до проблеми со автомобилот. Како што советуваат експертите, бензинот и дизелот не би требало да бидат во резервоарот подолго од два-три месеци, бидејќи по тој период испаруваат. Падот на октанската вредност го прави горивото потенцијална опасност за моторот. Во биодизелот има бактерии што по некое време почнуваат да создаваат наслаги, а возможно е и затнување на системот за довод на гориво.
Постои и начин за проверка на стареењето на горивото. Тоа е црвената ламба на контролната табла, која предупредува на притисокот на маслото во моторот. Ако се вклучи, тоа значи дека е старо и дека навлегло во моторот.