Здружението за афирмација на младинската култура „Култура бета“ го одржа шестото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ во „Јуроп хаус“. Во рамките на настанот се одржа книжевно читање на кое учествуваа: Филипа Сара Попова, Никола Наумовски, Емануела Ковачевска Китановска и Бисера Стефановска.
Покрај читањето се одржа и отворање изложба на фотографии на младата фотографка Емилија Трајковска. Модератор на настанот беше Андреј Медиќ Лазаревски.
– Некои луѓе ќе викнат, ќе крикнат: „Младите денес ништо не прават“, „Млади бездарници“ или, пак, „Денес младите се тапа“. Инспирирани, испровоцирани и поттикнати од таквите мудри изреки ги започнавме книжевните читања наречени „Клинци“. Со секое издание ве запознаваме со четворица автори и авторки што се дел од младинската книжевна сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба! – велат од „Култура бета“.