Нега и убавина
Постои една боја што веднаш внесува елеганција во секој стил и им дава на жените во 40-тите години софистициран, скап изглед – тоа е бојата на слонова коска.
Овој тон на неутрална бела боја со допири на беж и крем совршено ѝ прилега на зрелата кожа, го осветлува тенот и дава впечаток на луксуз, дури и кога станува збор за обична кошула или лелеав фустан. Зошто бојата на слонова коска изгледа толку моќно?
За разлика од светлата бела, која може да изгледа грубо, бојата на слонова коска изгледа меко и рафинирано. Совршена е за формални пригоди, но и за дневни комбинации – од ленени комплети до летни фустани и блузи. Оваа нијанса лесно се комбинира со златна и бежови детали, но исто така и со пастелни или земјени тонови.