Домување

Можете сами да си направите детергент за перење дома, а освен што е поисплатлив, тој е понежен за кожата и подобар за околината од оние што се купуваат во продавница.
За да го подготвите, потребни ви се две шолји рендан природен сапун и исто толку сода за перење (натриум карбонат или калцинирана сода).
Ставете го сапунот во тенџере и истурете вода да го покрие, а потоа мешајте на тивок оган додека сапунот не се растопи. Додадете осум литри вода, сода и околу дваесет капки есенцијално масло по ваш избор.
За перење на алиштата ќе биде доволна една чаша од овој течен детергент. Наместо омекнувач, можете да користите оцет при плакнење или при рачно перење.