Фото: Пиксабеј

Животни

Оранда е вид златна рипка што личи на лик од цртаните филмови. На главата има истакната качулка што личи на меур. Тоа е израсток што го покрива горниот дел од главата (дел од черепот) или го опфаќа целото лице освен устата. Нејзиното име доаѓа од јапонскиот термин што значи „холандска лавовска глава“. Рибата наводно потекнува од Кина и е една од најпопуларните.
Оранда е метално обоена или мат златна рипка. со големо тело и долга опашка. која се шири кога таа мирува. На задната страна орандата има и грпка, која е во различни бои: портокалова, црвена, црвено-бела, црвено-црна, црна, сина, чоколадна, бронзена, бела или сребрена, црно-бела (популарната панда), црвено-црно-бела (тробојка) и мноштво други бои.
Главата на млада оранда расте и се развива од една до две години: должината на оваа риба достигнува од 20 до 31 сантиметар. Понекогаш израстокот на главата е исклучително голем и впечатлив и ги покрива очите, па рибата има ограничен вид, а понекогаш и ослепува. Таа претпочита температури на водата помеѓу 17 и 28 Целзиусови степени.
Помеѓу многуте бои и сорти на оваа прекрасна риба, најпознати се: бисерната азума, оранда со црвена капа и сребрено-бело тело со истакнати црвени израстоци на челото. Таа е исклучително ретка и скапа.
Орандите се чувствителни на ниски температури на водата и не може да се чуваат со други златни рипки. Ако нивните очи растат премногу, тоа им пречи на видот. Затоа, пожелно е да ги чувате со златна рипка со оштетен вид за да не гладуваат поради конкуренцијата со добар вид. Орандите не треба да се чуваат со агресивни риби што можат да ги повредат нивните израстоци. Акваристите практикуваат да се погрижат аквариумот во кој живеат оранди да не содржи груби или остри украси што би можеле да ги повредат.