Домување
Оние што се активни на социјалните мрежи сигурно забележале дека големите машни станаа незаменлив дел од новогодишното украсување. Од врвот на новогодишната елка до влезната врата, овие елегантни украси ги освоија домовите низ светот. Овој драматичен детаљ брзо стана незаменлив елемент на божиќните украси, внесувајќи допир на луксуз и софистицираност во секој простор.
– Машните се толку празнични и совршено приспособени на празничниот декор што всушност е изненадувачки што не станаа тренд порано – вели Том Магил, главен стилист за „Антрополоџи“.
Покрај тоа што претставуваат класичен божиќен мотив, тие внесуваат чувство на носталгија и романса во просторот, а истовремено се појавуваат и во разни модерни и софистицирани варијанти. Едноставните, но ефективни божиќни машни им ги освоија срцата на дизајнерите и љубителите на божиќниот декор. Тие се совршени за истакнување посебни делови од вашиот дом, како што се врати, прозорци, камини или новогодишни елки.
Популарни се класичните црвени машни и оние во златна боја, до елегантни златни и сребрени тонови, па дури и нежни пастелни нијанси, кои совршено се совпаѓаат во секој стил на ентериер. Овој класичен, но ефикасен стил на украсување не бара многу време или пари, а резултатот е простор што ќе изгледа беспрекорно и ќе внесе допир на топлина и празничен шарм во вашиот дом.
Иако се продаваат насекаде, добрата вест е што не мора да ги купувате, лесно можете да ја направите оваа уникатна декорација дома. За да направите машна ви требаат: лента со саканата ширина и материјал, ножици, пиштол за лепење или игла и конец, жица (ако сакате таа што ја држи својата форма). Според советите на дизајнерката Жизел Греам, на почетниците им се препорачува да користат селотејп со жица на рабовите бидејќи овозможува полесно обликување и одржување на посакуваниот изглед.