Фото: Општина Карпош

ФОТОВЕСТ

Традиционално, како и секоја година, така и оваа, скопската општина Карпош им додели дидактички материјали и учебни помагала на четирите градинки што се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа. Овие материјали се квалитетно изработени, еколошки и иновативни, со што ќе се овозможи значително подобрување на психомоторниот развој на дечињата што се воспитуваат и образоваат во детските установи во Карпош.
Директорката на градинката „Орце Николов“, Надица Гировска, од името на сите директорки од градинките на територијата на Општина Карпош, се заблагодари за иницијативноста за доделување ваков вид дидактички материјали, бидејќи, како што истакна, тие навистина придонесуваат за правилен детски развој и пријатен престој во градинките на најмалите карпошани.