Во спомен на писателот за деца Наум Попески
Во Вевчани живописно
Наум Попески се роди,
и оттаму во животот
успешно заброди.
Растеше безгрижно
во средина чиста,
која секогаш остана
тивка и блиска.
Образованието го започна
во Вевчани и Струга
потоа продолжи во Скопје
во средина друга.
Еднаш се сретнав со Наум,
со човекот тивок и скромен,
оваа средба со него
ми остана во вечен спомен.
Ни остави збирки со песни
кои на сите многу ни значат,
стихови срдечни и бајковити
љубов и искреност што зрачат.
Наум нечујно замина
и по него тагуваме,
на песните што ги остави
ќе им се радуваме.
Автор: Ванчо Шенковски,
пензионер од Берово