Здрава храна
Што всушност значи „диета што имитира глад“ и како изгледа? Истражувањата покажаа дека петдневното „гладување“ може да доведе до забрзано губење маснотии. За време на постот, телото влегува во режим на автофагија – процес во кој мастите се користат како гориво и се отстрануваат оштетените клетки. Човечкото тело еволуирало за да издржи периоди на гладување – затоа складираме масти. Сепак, повеќето од нас не можат да издржат целосно гладување (само со вода) долго време и сепак да водат нормален живот. Диетата што имитира гладување ги обезбедува истите придобивки како гладувањето, но со помалку жртви – затоа што сепак јадете одредени количества храна.
Оваа диета вклучува внесување 1.100 калории првиот ден, а потоа 800 калории во следните четири дена, растителна храна, со малку шеќер и протеини и нутритивна комбинација што го мами телото да мисли дека гладува. На тој начин, телото се префрла на режим на согорување маснотии и стимулира автофагија – процес на чистење на старите и оштетените клетки.
Оваа диета, која личи на гладување, ги намалува масните наслаги, особено во стомакот. За разлика од многу други диети што може да доведат до губење на мускулите и коските, овој метод го топи салото на стомакот без да ги загрози мускулите. Во просек, луѓето губат два-три килограми маснотии по три циклуси на диета. Едно истражување покажало дека учесниците, покрај губењето на стомачните масти, имале и понизок крвен притисок, намалено ниво на холестерол и зголемено производство на матични клетки. Исто така, забележано е намалување на нивото на факторот на раст сличен на инсулин, хормон што е поврзан со зголемен ризик од рак кога е покачен.