На „Златно славејче 2024“
Се прават последните подготовки за фестивалот на детска песна „Златно славејче“, чие 54. издание ќе се одржи на 16 и 23 октомври во Македонскиот народен театар во Скопје. Водител ќе биде популарниот актер Сашко Коцев.
Песните се снимени во студиото „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски, познат македонски музичар, композитор и музички продуцент.
Гости на фестивалот ќе бидат Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје и кантавторката Мијата, кои снимија дуетската песна, со интересен наслов „Гуш и бац“.
– Деновиве влеговме во студио и снимивме песна посветена на другарството, на прифаќањето, почитувањето, која го носи најубавиот наслов, „Гуш и бац“ – вели Јанкуловски.
Песната ја напиша Весна Малинова, Наташа Крстевска-Мијата е продуцентка, a aранжер е Бојан Димитровски. Освен Мијата и Јанкуловски со нив пеат и Димитар Иваноски, Стефан Маневски и хорот на „Златно славејче“. Продукцијата „Мунлајт“ реализира и интересен видеозапис.
Фестивалот ќе се одржува на 16 и 23 ноември во Македонскиот народен театар. Во двата термина ќе има по три претстави: од 10, 14 и 17 часот.