ТОЈ ШАРЕН СВЕТ
„Големиот Меѓународен карневал во Котор беше премал за да ги собере сите карневалски маски од Струмица, меѓу кои учествуваа и карневалските маска на ООУ ’Никола Вапцаров‘ и на ’Маршал Тито‘. На 2 август, Илинден, нашата ’Лото-магија‘ продефилира на крајбрежната патека во градот Котор во Црна Гора, а учениците од ОУ ’Маршал Тито‘ ја прикажаа групната маска ’Африка во Струмица‘. Импресиите на учесниците од Македонија се многу позитивни, како и желбата за нови претставувања на нивната креативност“, напишаа на својот фејсбук-профил од училиштето „Никола Вапцаров“.
Дел од маскенбалот беше и Цветко Багашовски, долгогодишен успешен учесник на Меѓународниот струмички карневал.
Во поворката беа и младите игроорки од здружението за ора и песни „Фолклорна низа“ од Македонија.
Годинашниот Которски карневал е 23. по ред, а учествуваа 24 домашни и странски карневалски групи од Црна Гора, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и од Италија.
Карневалска ѕвезда
Малата Лаура
сака кралица да биде,
па дотерана, нашминкана
во огледало се виде.
„Баш сум убава –
самата си рече.
Сега можам на маскенбал,
желбата ме влече!“
Здивот им застана
на сите што беа таму.
Маскенбалот ечеше од песна
ја поздравија „кралицата“
и новата карневалска ѕвезда.
Славка Арсова, од книгата
„Песни за големи и мали“