Минатата среда во рамките на Деновите на култура во општината Илинден се одржа Литературно матине за деца, со учество на повеќе истакнати македонски писатели за деца и млади. По повод меѓународната литературна манифестација, Општина Илинден распиша литературен награден конкурс на темата,,Пролетта во мојот крај“ за учениците од општинските основни училишта. На Литературното матине за деца беат прочитани и наградените песни, а на учениците им беа доделени пригодни награди. Дел од манифестацијата беше и ликовна изложба на младата Марта Патлиџанкова, како и културно-уметничка програма со настап на АМПИ,,Илинден“, КУД „Гоце Маркоски“, балетското студио „Марбал“, како и музички колаж со настап на ученици од општината Илинден.