Колибри

Уште кога бев ученик наставничката
Петра нѐ запозна со Евгенија Шуплинова,
првата уредничка на „Колибри“
и љубезно ни понуди соработка нова.

Евгенија ја наследи поетот Миленкоски Перо
од прилепското село Слепче, тогаш
„Колибри“ ни беше душевна храна
небаре нѐ хранеше како топло лепче.

Ортачки работеше и поетот Попески Наум
од утро рано до после пладне,
уредник вреден, не тукутака
како на ум што ќе му падне.

„Колибри“ запеа гласно и во рацете
на новинарката Таушанска Марија,
долго време со нејзините читатели
многу соработки и средби ѝ се остварија.

„Колибри“ се помлади со нови крилца
со Филип Димкоски од младите писатели,
секој вторник со радост да „долета“
во рацете на многубројните читатели.

Но, не знам што повеќе на светот има
птици колибри коишто летаат,
или читатели на додатокот „Колибри“
кој децата радо го читаат.

Саво Костадиновски