Педесетина ученици од прилепските училишта и од арт-студиото „Артика“ учествуваа на традиционалниот ликовен хепенинг што го реализира Ротари-клубот од Прилеп, а по повод 3 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.
Учениците во убава атмосфера и дружба, под менторство на професорите по ликовно, во центарот цртаа и создадоа вредни творби. Организаторите велат дека за најдобрите дела ќе следуваат награди, а учениците не го криеја своето задоволство од одлично организираниот настан.
Ка.М.