Фото: „Нова Македонија“

РАКОМЕТ – КАДЕТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

  • На турнирот неделава Македонија ќе игра со Полска, Романија и со Србија, а тие мечеви ќе бидат тест пред квалификациите за ЕП 2026, во кои црвено-жолтите ќе се сретнат со Луксембург, Финска и со Грција

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, Горан Кузманоски, го објави списокот со ракометари на кои ќе смета за настап на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ неделава во романскиот град Плоешти. На списокот има 17 играчи за трите меча, и тоа со Полска в петок, со Романија в сабота и со Србија в недела.
Првиот собир на кадетската репрезентација ќе биде е утре, во 19 часот, во салата „Антон Димитров“ во Скопје. Турнирот „Трофеј Карпати“ ќе биде и главен тест пред квалификацискиот турнир во Луксембург, каде што Македонија ќе игра со Луксембург, Финска и со Грција, за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2026 година.
Состав: голмани: Ѓорѓи Николовски, Мели Фехми; леви крила: Стефан Ѓорѓиески, Стефан Лазаревски; леви бекови: Петар Николоски, Горазд Дамчевски, Марко Ѓорчевски; средни бекови: Трајче Костов, Архангел Трсунов, Стефан Ѓорѓиевски; десни бекови: Димитар Симовски, Бобан Поповски; десни крила: Јован Петрески, Лука Јовиќ; пикери: Јован Симоновски, Кристијан Вујичевски, Ѓорѓи Лешниковски. Г.И.