Празнично катче по повод 8 Март, изработка на учениците од ООУ „Видое Подгорец“-Струмица

Мама

Очите на мама
се како море сјајно
по кое пловам безгрижно,
бескрајно.

Срцето на мама,
e големо како планина.
во него сета љубов
на светот е збрана.
Насмевката на мама
како сонце ме грее,
сакам таа мене
постојано да ми се смее.

Рацете на мама
се нежни и мили,
кога ме гали
душата ми ја топли.

Ти благодарам мамо,
што мене ме роди,
ѕвезда си златна
по патот што ме води.

Авторка: Лидија Ангеловска
Четврто одделение во
ООУ,,Вук Караџиќ“-Куманово
Ментор: Јасмина Трајчевска
Првонаградена песна на
конкурсот на здружението
„Љиљана“ по повод 8 Март