Фото: Креативен викенд во Лазарополе

Фотовест

Во едно од најубавите села во Македонија, Лазарополе, минатиот викенд се одржа настан за најмладите. Децата цртаа, читаа раскази, се смееја, а имаше и пригодно освежување. И организаторите и учесниците се задоволни како поминал 16-от Креативен викенд за цртање со деца на сретсело.
– Се гледаме в година пак – вели Јован Ламбевски во име на организаторите.
И родителите, но и бабите и дедовците на дечињата се повеќе од задоволни од настанот.
– Прекрасна традиција се надеваме ќе продолжи и во иднина, бидејќи нашите деца растат со овие спомени – велат жителите на селото.