По повод Месецот на книгата (15.10-15.11. 2024), „Едука мак“ распишува конкурс за краток расказ за деца на темата „Нова година“.
Конкурсот трае од 18 октомври до 5 ноември 2024 година.
ПРОПОЗИЦИИ:
• Право на учество имаат сите автори што пишуваат за деца, постари од 18 години;
• Се испраќа краток расказ, по можност со морална поука во Word (Times New Roman, големина на букви 12) во должина до една страница (околу 50 реда) на мејл-адресата: [email protected], со назнака „конкурс за кус расказ“;
• Заедно со ракописот се доставуваат име и презиме, број на телефон и личен мејл со кратка биографија на авторот;
• Жири-комисијата ќе додели една награда.
Авторот на наградениот расказ ќе добие пакет книги и плакета, која ќе му биде доделена на посебен начин, како и соодветен хонорар. Наградениот расказ ќе биде објавен во декемврискиот број на списанието за деца „Супер Смешка“.
Подетални информации заинтересираните можат да добијат на тел. 072-30-40-38.
Конкурсот е отворен до 5 ноември 2024.