Колебливите држави, познати и како „бојни полиња“, се оние сојузни држави што можат да се вртат или кон демократските или кон републиканските кандидати во зависност од изборите. Поради потенцијалот кој било кандидат да ги добие, политичките партии често трошат непропорционално време и ресурси во кампањата во овие држави. Кампањите на Камала Харис и на Доналд Трамп годинава се фокусираа на седум т.н. колебливи сојузни држави, со цел да ги убедат тамошните гласачи да го дадат својот глас за нив
Неодлучните сојузни држави се од клучно значење
Американците изминатиот ден гласаа на 60-то издание на претседателските избори, а светот го исчекува исходот од неизвесната трка помеѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и кандидатката на Демократската партија Камала Харис, што ќе влијае на низа глобални прашања, вклучувајќи и актуелни конфликти и кризи. Притоа истовремено се избира и новиот состав на Конгресот и на третина од Сенатот
Американците изминатиот ден гласаа на 60-то издание на претседателските избори, а светот го исчекува исходот од неизвесната трка помеѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и кандидатката на Демократската партија Камала Харис, што ќе влијае на низа глобални прашања, вклучувајќи и актуелни конфликти и кризи. Притоа, истовремено се избира и новиот состав на Конгресот и на третина од Сенатот. Изборите во САД, како и во претходните изборни циклуси, така и годинава ќе бидат во знакот на таканаречените „свинг“ држави, односно колебливи држави, специфични по тоа што не може со сигурност да се утврди за кој претседателски кандидат нивните гласачи ќе се определат до последниот момент.
Кампањите на претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп годинава се фокусираа на седум такви сојузни држави: Пенсилванија (вреди 19 електорални гласа), Џорџија и Северна Каролина (по 16), Мичиген (15), Аризона (11), Висконсин (10) и Невада (6)), со цел да ги убедат тамошните жители да го дадат својот глас. Според последните анкети, разликата меѓу двата кандидата во овие држави е толку мала што може да се класифицира како статистичка грешка, поради што најверојатно на изборната ноќ ќе се дознае на која страна завршила „нишалката“ во секоја од нив.
Колебливите држави, познати и како „бојни полиња“, се оние сојузни држави што можат да се вртат или кон демократските или кон републиканските кандидати во зависност од изборите. Поради потенцијалот кој било кандидат да ги добие, политичките партии често трошат непропорционално време и ресурси во кампањата во овие држави.
Иако не постои универзална дефиниција што ги дефинира т.н. „свинг“ држави, тие се карактеризираат со мали разлики во гласовите и промени во кои партијата победува со текот на времето. Од 1992 година, 30 држави гласаа барем еднаш за кандидат на спротивната партија во однос на претходните избори. Исто така, 26 држави се освоени со помалку од три проценти на кои било претседателски избори од 1992 година.
Кои се т.н. колебливи држави во моментов?
Тесните маргини исто така укажуваат на тоа дека кој било од кандидатите може да победи во одредена сојузна држава На изборите во 2020 година седум држави беа освоени со разлика од помалку од три проценти. Тие држави ги вклучуваат на пример Северна Каролина и Невада. Поради тесната разлика во гласовите во 2020 година, овие држави би можеле да имаат уште поблиски резултати на претстојните конгресни избори.
Кои држави важат за историски колебливи?
Политичкото престројување од едни до други претседателски избори, како што е префрлањето од Доналд Трамп на Џо Бајден, може да биде еден од начините да се идентификуваат државите што се колебливи. Годините кога претседателот се кандидира за реизбор има тенденција да има помалку држави што ја менуваат страната, но од 1992 година на секои претседателски избори има барем неколку држави што ги менуваат политичките определби.
Од минатите осум изданија на претседателските избори, оние во 1992 година имаа најголем број држави што ја „сменија“ определбата за политичките партии. Со 22 сојузни држави што се „свртеа“ на друга страна во однос на претходните избори, 1992 година често се наведува како година на политичко преуредување, кога при победата на Бил Клинтон над Џорџ Буш Постариот се смени определбата на повеќе држави што традиционално гласаа за републиканските кандидати (вклучувајќи ги Калифорнија, Колорадо, Мериленд, меѓу другите) до држави што сигурно гласаа за демократите во следната деценија.
Сепак, многу држави имаа неизвесни претседателски избори во изминатите 40 години. За време на изминатите осум претседателски избори, 26 држави беа освоени со разлика од помалку од три проценти во барем еден циклус. Ова ги вклучува Флорида и Невада, кои имаа тесни маргини на пет од последните осум избори.
Овие состојби исто така се променија со текот на времето. На пример, Ново Мексико и Ајова беа „свинг“ држави во 2000 и 2004 година, но оттогаш не се. Аризона и Џорџија, пак, наизменично се менуваа меѓу статусот на колебливост во изминатите две децении.
Кои држави постојано гласаат за иста политичка партија?
Од изборите во 1988 година, 20 сојузни држави и Вашингтон гласаа за иста партија на сите претседателски избори. Од тие 20 држави, само три – Минесота во 2016 и 2000 година, Орегон во 2000 година и Вашингтон во 1988 година – имаа тесни избори со тесни разлики.
Седум држави и Вашингтон постојано гласаа за демократскиот претседателски кандидат од 1988 година, а 13 држави постојано гласаа за републиканскиот претседателски кандидат. Иако имаше шпекулации дека Тексас станува колеблива држава во 2020 година, разликата меѓу гласовите на републиканците и демократите сепак беше 5,5 проценти.
Дополнителни осум држави ја променија својата политичка ориентација од 1988 до 1992 година, но оттогаш на сите избори гласаа за истата партија.
Кои држави најчесто гласаат за победникот на претседателските избори?
Колебливите држави исто така имаат тенденција да бидат подобри предвидувачи за евентуалниот победник на изборите. Иако Флорида на изборите во 2000 година беше колеблива држава, неколку други исто така беа сигурни предвидувачи за конечните изборни резултати. Во текот на изминатите девет избори, Невада и Охајо осум пати го „предвидуваа“ конечниот исход на изборите. Од 2000 година, пет држави – Колорадо, Флорида, Невада, Охајо и Вирџинија – се совпаѓаат со крајниот победник на сите избори освен еден. Р.С.
Планови на претседателските кандидати за изборната ноќ
Трамп на Флорида, Харис во Вашингтон
Беше предвидено републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да ги помине раните часови на денот на изборите во сојузната држава Мичиген, каде што требаше да одржи последен доцновечерен митинг во Гранд Рапидс, што стана негова традиција.
Републиканскиот кандидат планира да го помине остатокот од изборниот ден на Флорида, каде што се очекуваше лично да гласа, и покрај тоа што најави дека ќе гласа предвреме. Тој исто така требаше да одржи митинг во Палм Бич.
Кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, има поинакви планови. Се очекуваше дека ќе присуствува на универзитетот „Харвард“ во Вашингтон во текот на изборната ноќ, каде што дипломирала економија и политички науки во 1986 година и била активна членка на сестринството „Алфа Капа Алфа“.
Таа во неделата рече дека „штотуку го пополнила“ своето гласачко ливче и оти е „на пат за Калифорнија“. Р.С.
Чии гласачи чекаа во низок старт за да стигнат први на избирачките места?
Во пресрет на денот на изборите, не беше јасно кои гласачи ќе се појават на гласачките места, пишува магазинот „Форчун“. Според информациите од Изборната лабораторија од Универзитетот во Флорида, повеќе од 78 милиони Американци го дале својот глас, лично или по пошта, во пресрет на изборниот ден, што е речиси половина од 158,5 милиони што излегле на гласање во 2020 година.
Една од главните причини за порастот на предвременото гласање е тоа што републиканскиот кандидат Доналд Трамп генерално ги охрабри своите поддржувачи да гласаат рано овој пат, што е спротивно на 2020 година, кога тој ги повика републиканците да гласаат само лично на денот на изборите.
Бројките за раните гласања потврдуваат дека милиони републиканци го послушаа повикот на Трамп во последните неколку недели. Клучното прашање, сепак, е дали зголемувањето на бројот на републиканците што гласаа предвреме овој пат ќе го намали бројот на републиканци што ќе се појават на изборниот ден.
Промената на бројките е видлива и на страната на демократите. Пред четири години, за време на пандемијата на ковид-19, демократите со големо мнозинство гласаа рано, но овој пат, без ризик за јавното здравје, се очекуваше повеќето демократи најверојатно да се појават лично на денот на изборите. Тој баланс на двете страни е критичен, а некои експерти наведуваат дека токму тука демократите ќе ја добијат својата предност.
Пораст на дезинформациите поврзани со изборите
Директорката на американската агенција за сајбер-безбедност Џен Истерли во пресрет на изборите истакна дека нејзиниот оддел не видел докази за каква било активност што би можела директно да влијае на исходот од изборите, и покрај напливот на дезинформации.
Таа додаде дека годинава се соочиле со „невиден број дезинформации“ поврзани со изборите од странски непријатели. Но исто така нагласи дека „изборната инфраструктура никогаш не била посигурна и оти изборната заедница никогаш не била подобро подготвена за да спроведе безбедни, сигурни, слободни и фер избори“.
– Гласините, лажните тврдења и дезинформациите за гласањето, односно за наводни измами, го преплавија онлајн просторот во невиден обем, пред изборите во САД. Стотици инциденти што вклучуваат наводни нерегуларности при гласањето се собираат и шират од поединци, како и од независни, но и од групи поврзани со републиканците, додека одреден број објави доаѓаат и од демократите – објавија западните медиуми.
Минатата недела властите во сојузната државата Џорџија окарактеризираа лажна видеоснимка што кружеше на интернет како „целна дезинформација“. На спорната видеоснимка беше прикажан мигрант од Хаити со повеќе лични карти од сојузната држава Џорџија и се тврдеше дека тој гласал повеќепати. Високи американски разузнавачи го поврзаа видеото со Русија, но руските власти во повеќе наврати го негираа мешањето во американските избори.
Висок претставник на американската Агенција за сајбер-безбедност рече дека постои голема веројатност оти странските напори за дезинформација ќе продолжат со недели и месеци по изборите.
Кога ќе биде познат победникот?
Целосните резултати од изборите во САД во повеќето случаи беа објавувани неколку часа по затворањето на гласачките места, но тесната трка годинава може да значи подолго чекање, како што беше случај во 2020 година.
Тесните резултати може да значат и пребројување. Во една од клучните држави, на пример Пенсилванија, би било потребно повторно пребројување на целата држава доколку има разлика од половина процентен поен помеѓу гласовите за двата кандидата. На изборите во 2020 година таа разлика беше нешто повеќе од 1,1 процентен поен.
Во 2000 и 2020 година прогласувањето на победникот траеше подолго.
Изборите во 2020 година се одржаа на 3 ноември. Меѓутоа, американските ТВ-мрежи не го прогласија Џо Бајден за победник до доцна утрото во саботата на 7 ноември, кога резултатот во Пенсилванија стана појасен.
На другите неодамнешни избори, гласачите чекаа многу пократко. Во 2016 година, кога Трамп ја освои претседателската функција, тој беше прогласен за победник следниот ден по изборите, непосредно пред 3 часот наутро по американско време. Во 2012 година, кога Барак Обама обезбеди втор мандат, неговата победа беше прогласена пред полноќ на самиот ден на изборите.
Сепак, изборите во 2000 година меѓу Џорџ В. Буш и Ал Гор беа забележителен исклучок. Гласањето се одржа на 7 ноември, но двете кампањи се судрија поради тесната битка во Флорида, па трката беше решена дури на 12 декември. Американскиот Врховен суд тогаш гласаше за завршување на пребројувањето на гласовите во таа држава, со што Буш победи во трката за Белата куќа, иако имаше шпекулации дека Гор освоил повеќе гласови.
Најраните резултати можеа да се очекуваат во текот на изминатата ноќ, за сојузните држави Џорџија и Северна Каролина, кои имаат најбрз систем за броење гласови. Најдолго ќе се чекаат резултатите од Невада и Аризона. Победникот би можел да биде прогласен во текот на денешниот ден. По потврдувањето на изборните гласови во американскиот Конгрес, новиот претседател треба да биде инаугуриран во Вашингтон на 20 јануари следната година.
Зошто изборите секогаш се одржуваат во вторник?
Со одлука на американскиот Конгрес од 1845 година, претседателските избори се одржуваат во вторник, по првиот понеделник во ноември. Во тоа време, САД сè уште беа главно аграрно општество, па изборите во ноември им овозможија на многу Американци да излезат на гласање по есенската сеидба и пред зимата. И бидејќи неделата била ден за посета на црква, односно богослужба, како и за одмор, а средата пазарен ден, изборот паднал на вторник. Р.С.