Фото: Пиксабеј

Медицински совет

Со топлотниот бран што моментално го погодува поголемиот дел од светот, експертите предупредуваат на важен здравствен проблем за луѓето што земаат одредени лекови. Во ова време од годината, лекарите често нè потсетуваат на опасностите од топлината, но овој пат фокусот е на лековите што се издаваат на рецепт. Некои лекови ја губат својата ефикасност ако се изложени на високи температури или сончева светлина. Постојат и лекови што го прават телото почувствително на топлина или сонце. Докторот Ниш Шах објаснува како одредени лекови ја намалуваат способноста на телото да ја регулира температурата, зголемувајќи го ризикот од топлотна исцрпеност и топлотен удар. Други ја зголемуваат чувствителноста на кожата на сонце, што може да доведе не само до изгореници туку и до подлабоко оштетување на кожата:
Диуретици – го зголемуваат излачувањето урина и може да предизвикаат дехидрација.
Лекови GLP-1, познати и како лекови за слабеење – можат да го намалат чувството на жед.
Антихолинергици – го намалуваат потењето, што го отежнува ладењето на телото.
Бета-блокатори – го забавуваат срцето, што може да ја ограничи способноста на телото да ја регулира температурата.
Стимуланси – го забрзуваат метаболизмот и го зголемуваат загревањето на телото.
Антидепресиви – може да влијаат на хипоталамусот и да го намалат потењето.
Покрај тоа што топлината е опасна, сончевата светлина во комбинација со одредени лекови може да го зголеми ризикот од оштетување на кожата:
Антибиотици (како што се доксициклин, ципрофлоксацин и сулфонамиди) – може да предизвикаат кожни реакции на УВ-зраци.
Нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ, како што е ибупрофен) – може да предизвикаат фототоксични реакции.
Диуретици, особено тијазиди – го зголемуваат ризикот од фотосензитивност.
Ретиноиди – ја разредуваат кожата и ја намалуваат природната УВ-заштита.
Антидепресиви – некои можат да ја зголемат чувствителноста на кожата на сонце.
Лекарите препорачуваат во текот на топлите месеци редовно да се посетува стоматолог или лекар што ја следи терапијата, да се чуваат лековите на пропишаната температура, да се пијат доволно течности и да се избегнува директна сончева светлина секогаш кога е можно.