Меѓународни награди
Каја Трпкоски, ученичка во 9-б одделение во ООУ „Лазо Трповски“, го освои првото место на натпреварот „Холандска наука“, организиран од Амбасадата на Холандија и од меѓународната манифестација „Наука за деца“. Деветтоодделенката ја освои наградата во конкуренција на 77 учесници од цела Македонија.
Учесниците на натпреварот требаше индивидуално да креираат плакат со лик на познат холандски научник, на кој на креативен начин ќе биде прикажан неговиот научен пронајдок, односно изум.
Според мислењето на стручното жири, исклучително креативното претставување на холандскиот научник Антони ван Левенхук, пронаоѓачот на микроскопот и основач на микробиологијата, на Каја ѝ го донесе првото место на натпреварот.
Каја на овој натпревар учествуваше под менторство на предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски.

































