Дали сте знаеле….
Атлас и Крилото на кралицата Александра се најголемите пеперуги на светот.
Распонот на крилјата на пеперугата Крилото на кралицата Александра е 25 сантиметри, а нејзината маса е само 30 грама. Станува збор за женска птицолика пеперуга, чие латинско име е Orinithopetra alexandrae papilonidae. Мажјакот и женката многу се разликуваат, како да станува збор за два различни вида, односно мажјакот има сини и зелени шари, а крилјата на женката се обоени со црна и златна боја.
Оваа пеперуга живее во тропските предели на Папуа Нова Гвинеја, се храни со нектарот на цвеќињата што растат на дрвјата, високо над земјата и ретко се симнуваат пониско. Нејзините гасеници се хранат со посебен вид винова лоза.
Пеперугата Атлас, чиј латински назив е Аttacus atlas, живее во шумите на Југоисточна Азија и со својот распон на крилјата, исто така од 25 сантиметри и вкупна површина од 400 сантиметри, претставува вистинско чудо меѓу пеперугите.
Со својот неверојатен изглед и шари, оваа пеперуга во Индија се одгледува заради изработка на посебен вид свила. Спаѓа во загрозените видови, а колекционерите не жалат пари за да ја имаат во своите збирки.
Освен што се најголеми, овие два вида пеперуги се и најретки во светот.