Домување
Не е доволно пречистувачот само да го ставите во просторијата во која сакате, потребно е да го поставите на вистинско место за неговата работа да има ефект. Најдобро место за поставување на пречистувачот на воздух е релативно празен простор. Не смее да има ништо што го допира врвот, задниот или бочните страни на пречистувачот. Во идеален случај треба да има најмалку 15 сантиметри слободен простор од секоја страна.
Загадениот воздух може да влезе и да циркулира низ места како што се врати, ходници и прозорци.
Пречистувачите може да ги поставите во просториите во кои минувате многу време: спална соби, дневна соба, работна соба или во средиштето на домовите со отворен концепт. Во случај кога се користи еден голем пречистувач на воздух за целиот кат може да го ставите во поединечни соби. Во тој случај треба да се одлучите за помали пречистувачи, поставени кон една страна на собата (но да не допираат ништо).
Кои се најлошите места за поставување на пречистувачите на воздухот? Ваквите апарати не поставувајте ги на кое било место каде што можат да го блокираат доводот на воздух, вклучувајќи: директно до ѕидот, на полица, во аголот на просторијата, зад мебел или под мебел. Други места што треба да се избегнат се: во близината на отвори за греење или радијатори (за да не прегрее), на директна сончева светлина (исто така за да не прегрее), во влажни делови од куќата (филтерот ќе треба почесто да се менува) или во близината на електроника (може да предизвика пречки на телевизорот и да го наруши вифито).

































