Во периодот од 28 до денеска, во Скопје се одржува мултидисциплинарниот истражувачки проект „Градот како сцена: Еколошки иднини“, кој ги поврзува современите просторни практики со урбаната еколошка трансформација. Преку серија работилници и јавно предавање, проектот се занимава со начините на кои градот има потенцијал за трансформација во сцена за заедничко и солидарно дејствување, низ принципите на демократијата и меѓусебното поврзување.
Проектот во фокус ги има студентите, уметниците, архитектите и локалната заедница како клучни актери за создавање нови модели на урбано живеење. Преку истражување на концептот на „урбано готвење“ и сценографски просторни интервенции во јавниот простор, се развиваат конкретни алатки и решенија за управување со просторот што ги поттикнуваат демократијата, еколошкото учество и активизмот. Проектот е дел од пошироката eдукативна лабораторија за просторно изведувачки практики „Градот како сцена“, која од мај до ноември 2025 организира различни активности за развој на еколошки и социјално одржливи урбани интервенции.