Фото: Пиксабеј

ТЕНИС – ТУРНИР ВО КУРШУМЛИСКА БАЊА

Лина Ѓорческа без загубен сет се пласира во полуфиналето на тенискиот турнир во Куршумлиска Бања (Србија), кој се игра на земјена подлога, за награден фонд од 30.000 долари. Таа во четврт-финалето ја победи Ксенија Зајцева во два сета, со 6-1, 6-2.
Претходно на овој турнир, Ѓорческа во првото коло водеше со 6-2 и со 1-0, по што Стефаниа Бојица се повлече, а во второто коло, во натпревар од осминафиналето, македонската тенисерка славеше на дуелот со Виториа Паганети со 2-0 во сетови, 6-3, 6-4. Ѓорческа е седма носителка на овој турнир во Куршумлиска Бања, каде што го освои трофејот на турнир одигран во мај и во јуни годинава.

Н.М.