Фото: Приватна архива

Вие ни пишувате

Ема Незири е ученичка во 3-а одделение во ОУ „Христијан Тодоровски- Карпош“ во Скопје. Таа зборува македонски, чешки и англиски јазик, многу сака да чита и да црта, а во слободното време оди и на балет.
Своите врсници од цела Македонија што го читаат „Колибри“, таа ги поздравува со состав и цртеж за есента.
Есен
Денес Изабела излезе надвор и се запраша зошто листовите се шарени, а не зелени.
По некое време заврна дожд. Дождот ѝ рече:
– Листовите се шарени бидејќи е есен. Есента е кралица на боите, во нејзиниот спектар се прелеваат зелената, жолтата, црвената, портокаловата и кафеавата боја. Уживај во оваа убавина.