Aко законската легислатива се толкува дословно (а по овој основ законодавецот јасно ја напишал одредбата и не треба никакво „автентично толкување“), тогаш шест претседателски кандидати се всушност независни кандидати, предложени од група граѓани. Имено, според членот 2, став 1, алинеја 7 од Изборниот законик, „независен кандидат“ е кандидат за избор на претседател на Републиката, пратеник, градоначалник или член на совет што е поддржан од „група избирачи“
Има ли разлика во статусот „кандидат за претседател предложен од партија“ и статусот „кандидат за претседател од група граѓани“?
Сите седум кандидати за претседател на Република Македонија ги доставија своите кандидатури до Државната изборна комисија (ДИК), од кои шестмина ја поднесоа кандидатурата врз основа на собрани граѓански потписи, додека еден кандидат учеството на претседателските избори го пријави врз основа на 30 пратенички потписи.
Имено, Државната изборна комисија неодамна на седница едногласно ги потврди кандидатурите за претседател на Република Македонија во 2024 година поднесени од Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од Гром, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција „Вреди“, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите кандидати, со исклучок на Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, која кандидатурата до ДИК ја поднесе врз основа на потпишани 30 пратеници, кандидатурите ги поднесоа врз основа на собрани граѓански потписи, што на некој начин отвора дилема дали само Силјановска Давкова е партиски кандидат, а сите други се независни кандидати на кои им е најавена партиска поддршка.
Според Изборниот законик, членот 2, став 1, шест претседателски кандидати се всушност независни кандидати, предложени од група граѓани. Имено, според споменатиот член, алинеја 7, „независен кандидат“ е кандидат за избор на претседател на Републиката, пратеник, градоначалник или член на совет што е поддржан од „група избирачи“. Во тој контекст, кандидатот со собрани пратенички потписи има јасна партиска кандидатура и смета на партиската поддршка при гласањето, оставајќи простор да им се обраќа и на сите други граѓани за да ја придобие нивната наклоност. Така, според истиот член и став од Изборниот законик, но во алинеја 6 се вели дека „кандидат“ е државјанин на Република Македонија утврден од надлежната изборна комисија во согласност со овој законик, за кој ќе се гласа на избори.
Така, според Изборниот законик, се издвојуваат две категории кандидати за претседател на државата: „кандидат“ и „независен кандидат“! Токму тоа наметнува една суштинска дилема и во теоријата, но и во практиката: Уживаат ли тие две категории кандидати за претседател различен статус и привилегии за време на изборната кампања?
lОд друга страна, кандидатот со собрани пратенички потписи има јасна партиска кандидатура и смета на партиската поддршка при гласањето, оставајќи простор да им се обраќа и на сите други граѓани за да ја придобие нивната наклоност. Имено, според членот 2, став 1, алинеја 6 од Изборниот законик, „кандидат“ е државјанин на Република Македонија утврден од надлежната изборна комисија во согласност со овој законик, за кој ќе се гласа на избори
Натаму, во Изборниот законик, во членот 59, став 1, јасно е наведено дека право да поднесат листа на кандидат за претседател на Републиката имаат најмалку 10.000 избирачи или 30 пратеници. Според тоа, дефинитивно е воочлива интенцијата на законодавецот да направи дистинкција меѓу овие две категории, а за таа дистинкција подоцна да може да се рефлектира во некои други законски и подзаконски акти.
Водејќи се според законот, произлегува дека секој што ќе собере 10.000 потписи како претседателски кандидат, всушност, е предлог на група граѓани и не е партиски кандидат, но оној што кандидатурата ја материјализира врз основа на пратенички потписи, има јасен партиски легитимитет и печат. Деновиве во македонската јавност интересно се наметнуваше дилемата зошто беше толкавата трка по граѓански потписи, особено на големите партии, ако веќе имаат доволна пратеничка поддршка да ја завршат целата работа со кандидатурите и без јавна демонстрација на граѓанската наклоност?!
Аналитичарите имаат различни мислења во врска со ова. Едни препознаваат политички маркетинг и покажување мускули во предизборието, други истакнуваат дека партиите со својот инструментариум на „присилба“ кон граѓаните да го поддржат соодветниот кандидат, тотално ја еродираат демократијата, газејќи ја слободната демократска волја на граѓаните за сами и по свое убедување да се потпишат како поддршка за одреден кандидат. Трети велат дека калкулациите за тоа кој ќе биде партиски кандидат, а кој ќе биде независен кандидат се длабоки и во понатамошниот дел од предизборната кампања јавноста точно ќе види кои се бенефициите на едната категорија кандидат за претседател, а кои на другата. Меѓу другото, се споменуваат и партиските калкулации при толкување на одредбата од Изборниот законик што гарантира распределба на медиумското време за платено политичко рекламирање на електронските медиуми (што ќе биде предмет на нашето понатамошно новинарско опсервирање)…
Според толкувањето на некои правни експерти, за анализа е тактиката што ја прават партиите и од аспект на тоа што едните кандидатурата на својот претседателски кандидат ја поднесуваат на еден или на друг начин.
l Така, според Изборниот законик, се издвојуваат две категории кандидати за претседател на државата: „кандидат“ и „независен кандидат“! Уживаат ли тие две категории кандидати различен статус и привилегии во законската регулатива, а и досега во практиката за време на изборната кампања?
– Ништо не е случајно, партиите калкулираат и во сето ова има добро промислени чекори. Прашањето е кој кого ќе надмудри оти треба да се размислува и дали статусот на предложениот кандидат од партија и од група граѓани се разликува, колку суштински се разликува како категорија, но и дали тоа во продолжение на изборниот процес може да има некакви рефлексии со оглед на тоа што државата веќе направила некаква дистинкцијата во законот, така што тоа можеби утре некако ќе се рефлектира при тајмингот за претставување на кандидатите и слично. Има многу отворени прашања околу целата оваа работа, но едно е сигурно, станува збор за некаква тактика – заклучуваат аналитичарите.
Ова навидум неинтересно прашање ќе биде поставено како предмет на опсервација и на меѓународни експерти за избори и кампањи, за што дополнително ќе анализираме.