Фотографија: Драмска група „Дон Кихот“ од Гевгелија

Меѓународни успеси

Драмската група „Дон Кихот“, која работи при СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, го освои второто место на меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда“, кој се одржа во Бугарија. По тој повод тие на својот фејсбук-профил напишаа: „Буре барут“ експлодира во театарот во Банско!
Драмската група „Дон Кихот“ успешно се претстави на 41. Меѓународен уметнички фестивал „Утринска ѕвезда“ во Банско, Бугарија, со претставата „Буре барут“, на текст од Дејан Дуковски, во режија на Даниела Џишева и техничка обработка на Тони Аврамов, објави телевизијата Нова од Гевгелија.
Дешифрирањето на текстот на Дуковски и режијата на Џишева го доловија секојдневието завиено со платното на насилството преку актерството на младите актери, кои се надминаа со фантастичните улоги, а сето тоа визуализирано преку мултимедијалноста, што остави силен впечаток на жирито.