Здрава храна

Протеинскиот прав сѐ повеќе станува составен дел од исхраната на многумина, а не само на активните спортисти, како што беше случај до неодамна. Ако сакате да заштедите пари, а исто така да направите протеинска мешавина по ваш вкус, ви препорачуваме да го пробате следниот рецепт.
Сомелете половина шолја семки од тиква и исто толку чиа-семки во блендер. Додадете шолја бадемово брашно и четвртина шолја мелено ленено семе. Во блендерот додадете три лажици какао во прав и една лажичка цимет. Ќе добиете десет порции протеински прав со благ вкус на чоколадо, а смесата можете да ја чувате во цврсто затворен сад во фрижидер околу еден месец.
Овој протеински прав не е само за оние што имаат алергија на некоја од состојките во оваа мешавина. Сите други можат да уживаат во здрав протеински оброк што нема додадени шеќери, што често е случај со индустриски произведените мешавини.