Фото: „Нова Македонија“

Македонија во бугарскиот стратегиски контекст за 21 век (1)

Во последниов период, дел од македонските аналитичари се обидуваат да го наметнат ставот дека Бугарија како држава, нација и општество нема јасна визија ниту конкретна стратегија во однос на Македонија. Според нив, постои впечаток дека бугарската политика е импровизирана, без планска активност насочена кон македонскиот народ. Но ваквите тврдења не ја одразуваат реалноста. Доказ за спротивното е анализата на профeсор д-р Радко Начевски, објавена во 2001 година под наслов „Бугарија во бугарскиот стратегиски контекст за 21 век“. Во тој текст, Начевски, кој денес веќе не е меѓу нас, ја разгледува Националната стратегиска програма број еден на Научниот центар за бугарска национална стратегија. Тој јасно укажува дека документот има цел да ја насочи бугарската политика кон формулирање национална доктрина за 21 век, која би служела како основа за остварување на „националниот идеал“ и „националните интереси“ во временска рамка од 10 до 30 години. Меѓу другото, во анализата се нагласува дека бугарската држава пред меѓународната заедница и дипломатските кругови мора јасно и недвосмислено да ја истакне својата позиција: неоснованоста и неприфатливоста за признавање на македонскиот јазик и македонската заедница. Дополнително, се инсистира дека Бугарија треба да поставува прашања за целосно усогласување со европските норми, но во контекст на „националните права на Бугарите во Македонија“. Оттука, денешните барања за промена на македонскиот устав, како и континуираното негирање на македонските национални особености, не се случајни ниту изолирани појави. Тие се дел од долгорочна стратегија, чија суштина е насочена кон систематско поткопување и ништење на македонскиот национален идентитет. За овие опасности, д-р Радко Начевски предупреди уште пред повеќе од две децении – предупредување што денес се покажува како претскажувачко и актуелно

Еден од најсветлите датуми во историјата на македонскиот народ секако е 8 септември 1991 година. На тој датум, на одржаниот референдум, од излезените 75,75 отсто гласачи, 95,1 отсто ce изјаснија за суверена и самостојна држава Македонија. На тој начин ce создаде самостојна суверена Република Македонија.
Меѓутоа, еднодецениското живеење и развој на македонскиот меѓународно признаен државен ентитет непобитно го потврдува фактот дека, колку и да била тешка едномилениумската борба на македонскиот народ (по пропаста на Самуиловата држава) во обидите да создаде сопствена држава, уште потешка и покрвава е борбата да ce докажуваат и да ce бранат суверенитетот и интегритетот на новосоздадената држава. Имено, создавањето на македонскиот државен ентитет како да претставуваше истовремен сигнал за државите од македонското опкружување – Албанија, СР Југославија, Бугарија и Грција – дека прогласувањето на сувереноста на Македонија истовремено претставува и ставање ад акта на „македонското прашање“, a со тоа и дефинитивно бришење на нивните историски „наследени права“ кон македонскиот простор.
Во тој контекст, во нивните стратегиски определби за 21 век, евидентен е двојниот пристап (морал) кон новата македонска држава. Од една страна, соседните држави пред меѓународниот фактор „силно“ ги поддржуваат македонската сувереност и интегритет и нејзината стратегиска определеност за целосна имплементираност во наднационалниот стратегиски контекст на капитал-системот, a од друга, де факто и де јуре, без оглед на нивната евротрансатлантска стратегиска ориентација (Грција е рамноправен член), со сите сили и средства активно дејствуваат за разнебитување на македонската држава.
Арсеналната димензија на нивните сили и средства, кои перманентно ce употребуваат против македонската држава и ce во функција на реализирање големодржавни цели, ce состои од сили и средства за оружено насилство и водење војна заради насилна и оружена окупација на „историски“ наследениот простор, до примена на најсуптилните и најперфидни сили и средства на стратегијата за „посредно настапување“, кои имаат иста функција како и оружените.
Квантитетот, квалитетот, интензитетот, деструктивноста, начинот на примената и објектите што ce цел на нападите врз најмалобројниот македонски народ и врз неговата најмала по простор земја на Балканот, во секој поглед ги надминуваат оние што низ историјата на овој простор ги применувале некултивираните дивјаци, варварите, деспотите, императорите, фашистите, модерните империјалисти, комунистите… со подеструктивни последици од тие времиња – убивања, егзодуси, разурнувања, опожарувања, силувања, трауматизирања, крадење простор. Од тој аспект, најкрвави и просторно најдеструктивни ce последиците на македонскиот простор од примената на силите и средствата на оружено насилство и војна спонзорирани (директно или индиректно) од актуелната големодржвна албанска стратегиска практика.
Во овој труд, предмет на научна опсервација ce најсуштествените определби на современата бугарска стратегиска мисла и практика, на прагот на новиот милениум, во однос на новосоздадениот национален суверенитет и меѓународно признаен државен ентитет на македонскиот народ.

Корени и континуитет

Ако ги бараме корените на „аргументите“ (апетити или заблуди) на бугарската политика, односно на нејзината наука, не само за некаква загрозеност туку и загриженост за некаков перманентен процес на етничко „искоренување“ на Бугарите во Македонија, временската димензија на „тврдењата“ датира уште од 10 век, следени со непрекинат континуитет до денес. Така, во „доказите“ дека македонските Словени ce Бугари, во најновата научна аргументација на демократска Бугарија, ce тргнува од фактот, дека „географската област (ce мисли на Македонија, заб. Н.Р.) секогаш била поврзана со целосната историја на Б, етничка, јазична и културна. Од самиот почеток на создавањето на бугарската народност… жителите на Македонија ce чувствувале и ce осознавале, според својот јазик, бит, минато, според својата материјална и духовна култура, како припадници кон таа народност“.
Операционализацијата, односно првичните стратегиски определби и „насоки“ што биле и ce во функција на континуираната „аргументација“ за бугарската коренштина на Македонците, експлицитно ce содржат во „аргументираната“ исповед на министерот за надворешни работи и вера на Бугарија, Константин Стоилов, од 1882 година, до тогашниот кнез на Бугарија, Александар Батенберг. Во него тој „открива“ дека „Архимедовиот пункт на бугарската народност денес лежи во Македонија. Кај македонските Бугари треба да ce развие чувството за народносно сознание, мало и големо треба да знае дека е бугарска крв“. Понатаму, според Стоилов, „во Софија ce грижат за нивната судбина, сегашност и иднина“.
„Откритијата“ на Стоилов, за жал, ce фундаментализираат и во „новата“ стратегиска мисла и практика за 21 век на демократска Бугарија, кои, на тој начин, го потврдуваат „континуитетот“ на тврдењата за грижите за судбината, сегашноста и иднината на македонските Бугари. Во актуелната бугарска национална доктрина, покрај анализите и насоките што ce зацртани во националните стратегиски програми (политички, економски, културни и воени), особено импонираат ставовите и насоките за судбината, сегашноста и иднината на македонските Бугари во бугарското опкружување и во преостанатата бугарска дијаспора.
Во 1998 година (Софија), Научниот центар за бугарска национална стратегија, објави Национална стратегиска програма бр. 1, со цел научната мисла да ѝ „помогне“ на политиката во дефинирањето на бугарската национална доктрина за 21 век, која би била во функција на „националната стратегија при решавањето на националниот идеал и националните интереси во период од 10 до 30 години“.

Етничка територија и етнокултурно пространство

Како што ce тврди во бугарската национална доктрина (БНД), бугарската нација ce формирала во периодот на 18-19 век, како единствена етничка, јазична, економска, културна и духовна целост на територијата на: Мизија, вклучувајќи ги цела Добруџа и Дунавската Рамнина; западните бугарски земји: Тимочко, Поморавјето Лесковачко, Пиротско, Врањанско, западните покраини (Босилеградско, Царибродско, просторите западно од Видин, Кула и Трн, кои ce дефинирани со меѓународни договори); Тракија и Македонија.
Во тој контекст, според бугарските стратези, границите на бугарската етничка територија ce зацртани (дефинирани) во следниве документи: султанскиот ферман од 1870 година, со кој ce втемелува независната Бугарска православна црква и егзархија, што ги определува нивните диецези; плебисцитот на епархиите во Македонија: Скопска, Охридска, Кукушка и Солунска. Како резултат на тоа, тие ce вклучени во диецезата на Бугарската православна црква во 1872 година; решението на Цариградската пратеничка конференција на големите сили и Турција од 1876 година; прелиминарниот Санстефански мировен договор од 1878 година, потпишан од Русија и Отоманската Империја без учество на бугарски претставници; тврдењата на европските патописци, црковни великодостоинственици, дипломати, учени и воени претставници, кои ги посетиле бугарските земји во 19 век. Тие ги обележале етничките граници на бугарската нација во Мизија, Тракија и Македонија.
Во БНД, етнокултурното пространство на Бугарија е дефинирано како: територии на кои живееле или живеат Бугари. Тие ги создавале или ги создаваат јазикот, религијата, традициите, науката и искуствата, кои, од своја страна, ja формирале бугарската национална целост. Во доктрината, територијата на бугарското етнокултурно пространство условно е поделена на две зони: „Старо етнокултурно пространство“, кое ja опфаќа територијата населувана од волшко-уралските Бугари, на која била создадена голема Бугарија, и „Ново етнокултурно пространство“, кое ja опфаќа територијата на која ce вкрстосувале и ce мешале Тракијците, Словените и Бугарите. Оттука, може да ce тврди дека историското етнокултурно пространство ja опфаќа територијата од Татрите до Егејското Mope и од реката Сава и средното течение на реката Днепар и Црно Mope.

Автор: проф. д-р Радко Начевски

продолжува