Тоа се многу поени. Супер, благословен сум што можам да постигнам толку многу поени во најдобрата лига во светот и со најдобрите играчи во светот во текот на мојата кариера. Значи, тоа е мошне посебно, рече Џејмс
Леброн Џејмс достигна уште една пресвртница во својата кариера во НБА-лигата, станувајќи првиот кошаркар што постигнал 50.000 поени, откако погоди тројка во првата четвртина од победата дома на ЛА лејкерс против Њу Орлеанс. Џејмс пред тој натпревар имаше 49.999 поени постигнати во регуларен дел од сезоната и во плејофот, пишува агенцијата „Ројтерс“.
– Тоа се многу поени. Супер, благословен сум што можам да постигнам толку многу поени во најдобрата лига во светот и со најдобрите играчи во светот во текот на мојата кариера. Значи, тоа е мошне посебно – рече Џејмс, пренесе „Ројтерс“.
Џејмс (40) веќе беше рекордер за најмногу поени во регуларен дел од сезоната и претходно, откако го презеде рекордот во НБА-лигата од Карим Абдул-Џабар во февруари 2023 година, кој го држеше рекордот со 44.149 поени во 20 играчки сезони. Џејмс не покажа знаци на забавување во неговата 22. сезона во НБА. Тој беше прогласен за играч на месецот во Западната конференција во НБА-лигата за февруари, зголемувајќи го својот рекорд на 41 месец, вклучувајќи и три со ЛА лејкерс.
Четирикратниот НБА-шампион Џејмс е, исто така, и највозрасниот играч што ја добил таа награда, минувајќи го претходниот во сопственост на Карл Мелоун (на 37 години) со Јута во ноември 2000 година. Џејмс на мечот со Њу Орлеанс постигна 34 поени, осум скока и шест асистенции.
Г.И.
ПОЕНИТЕ НА ЛЕБРОН ЏЕЈМС
ВО НБА
регуларна сезона 41.871
плејоф 8.162