Насликал: Лазар Ѓуриќ, 8 одделение ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп

Во чест на просветителот

Свети Клименте, наш учителе,
светлино и наш водителе.
Охрид е твоето родно место свето,
кое со радост те слави секое лето.
Кирил и Методиј се учители твои,
„Аз, буки, веди..“ нека се слови.

Со радост Охридската книжевна
школа
кај словенскиот род одѕвонила.
Да твори, да учи, како искра во ноќ,
Свети Климент имал волшебна моќ.

Низ дамнини тмурни нѐ водеше,
низ времиња бурни бродеше
низ животот што го живееме,
Твоето свето дело го жнееме.

Да се биде Климентово чедо
е гордост македонско кредо:
„Биди вреден и посветен ученик,
стани доктор, занаетчија, научник!“

Камбаната нека ѕвони силно,
гласот Твој Клименте нека се слуша милно,
Нека зборува, трепери, се ткае,
за нас и нашиот непокор,
под овој вечен бескраен свод,
Климентов е македонскиот род.

Напишал: Димитар Бошкоски,
9 одделение
ООУ „Живко Чинго“, Велгошти, Охрид
Менторка: Роза Китрозоска
(од е-книгата „Ѕвездено небо“)