Во даден момент ОВК (УЧК) доби легитимитет да војува како бунтовничка група (признаено по меѓународното воено право, како завојувана страна). Тоа беше еден клучен пресврт во конфликтот (се случи на средбата Љум Хаџиу (УЧК) – Ричард Холбрук (САД), во местото Јуник 1998 г.). Чинот на легитимирањето на УЧК се случи, меѓу другото, и затоа што централното политичко и воено раководство на ОВК се повлече од своите големи амбиции, односно територијално да ги ослободи сите делови во регионот каде што живеат Албанци како етникум. Поточно, ОВК, под притисок на меѓународните посредници, отстапи од својата голема цел за т.н. големо Косово (кое, според нивните картографи, зафаќаше и делови од Македонија и од јужна Србија). Но…
Има ли поврзаност во најавите на ДУИ за есенски протести со протестите на Албанците надвор од Македонија, во регионите населени со мнозинско албанско население
Неколку стотици граѓани завчера се собраа во Бујановац, на протестот на припадниците на албанската заедница од југот на Србија наречен „Идентитет и достоинство“. Протестот беше организиран од Националниот совет на Албанците, со цел да се истакнат проблемите со кои се соочува албанската заедница. Организаторите најавија дека протестите ќе продолжат и во следниот период, вклучувајќи и наесен, бидејќи, како што велат, „немаме друг избор“.
– Ја повикуваме меѓународната заедница сериозно да ги сфати нашите барања. Нашите дипломи не се признаени во Србија, но тие се признаени во Германија. Нашето население умира, нашите млади луѓе бегаат. Нивните адреси се пасивни. Ова мора да престане – рече претседателот на Националниот совет на Албанците од Прешевската Долина, Невзад Лутфиу.
Натаму, некако се чувствува и незадоволство и во Косово од владеењето на косовскиот премиер Албин Курти, ако во тоа чувство се вкалкулира „противењето на САД и Квинтата на повеќето одлуки на Курти“, кои некако како да ги носи на своја рака, а кои дополнително го отежнуваат дијалогот Белград – Приштина. Ваквите состојби ги користи косовската опозиција, која исто за наесен најавува протести против Курти.
Ваквата чудна коинциденција на протестни активности (од лица групации што се партиски компатибилни и тоа го покажаа и пред изборите во Македонија), токму наесен и токму од местата каде што во 2001 година се прелеа конфликтот во Македонија, остава простор за сериозна загриженост дека дестабилизацијата може повторно да биде „увезена“, а некои внатрешни сили да ја искористат во своја полза, наметнувајќи се како некаков „мировен фактор“ и со тоа чекирајќи си го билетот за влез во Владата и спас од кривичен прогон.
Потсетување на генераторот на немирите и неговото ширење во регионот во 1999 година
Во конфликтот во Косово имаше реални борби меѓу југословенските безбедносни сили и албанските герилци поврзани со ОВК (УЧК).
Во даден момент ОВК (УЧК) доби легитимитет да војува како бунтовничка група (признаено по меѓународното воено право, како завојувана страна). Тоа беше еден клучен пресврт во конфликтот (се случи на средбата Љум Хаџиу (УЧК) – Ричард Холбрук (САД), во местото Јуник 1998 г.). Чинот на легитимирањето на УЧК се случи, меѓу другото, и затоа што централното политичко и воено раководство на ОВК се повлече од своите големи амбиции, односно територијално да ги ослободи сите делови во регионот каде што живеат Албанци како етникум. Поточно, ОВК, под притисок на меѓународните посредници, отстапи од својата голема цел за т.н. големо Косово (кое, според нивните картографи, зафаќаше и делови од Македонија и од јужна Србија). Но, како резултат на тоа, се издвоија локални фракции од ОВК (надвор од субординацијата на централното раководство на лидерот Хашим Тачи), при што се направија милитантни структури, како што беше ОВПМБ (УЧК за Прешево – Медвеѓе – Бујановац), како и АНА (АКШ или Албанска национална армија со лидерот Албан Периши), потоа ОНА (Ослободителна народна армија, позната како македонската УЧК, со лидерот Али Ахмети) итн.
Споменативе милитантни структури всушност не сакале да се откажат од „големата амбиција“, односно територијални делови надвор од Косово населени со албанско население да останат во рамките на други држави (Македонија и Србија).
За потсетување, и пред 23 години конфликтот во Прешевската Долина започна со протести на кои се бараа права и подобри услови за живот на младите. Исходот од протестите следуваше подоцна, кога од демократски, тие се претворија во насилни и со употреба на оружје, при што епилогот најмногу го почувствува Македонија на своја кожа, особено во Кумановско-липковскиот Регион.
Понатаму, евентуални протести во Косово, наесен, можат многу лесно да се прелеат и на македонска страна, имајќи ја предвид блиската политичка релација на македонските Албанци со партиите во Косово. Токму таков распоред на настаните му оди во прилог на ДУИ, кој може под радарот да работи на дестабилизација на државата, а прстот за тоа да го вперува во некакви прелевања однадвор, односно од јужна Србија или од Косово, прикажувајќи се себеси како фактор на стабилност. П.Р.