Ланските лауреати: Аи­та­на Бонмати и Родри

Пари сен Жермен и Арсенал имаат номинации за петте признанија во машка и во женска конкуренција: „Златна топка“ за најдобри фудбалери, „Копа“ за играчи до 21 година, „Јохан Кројф“ за тренери, „Јашин“ за голмани и признанијата за најдобри клубови. На 69-та церемонија, на 22 септември, во Париз, ќе бидат доделени и наградите „Герд Милер“ за најдобрите стрелци и признанието „Сократес“

ФУДБАЛ – НОМИНАЦИИ НА „ФРАНС ФУДБАЛ“ ЗА НАЈДОБРИТЕ ЗА 2025 ГОДИНА

Европските прваци Пари се Жермен и Арсенал се во трка за сите награди во машка и во женска конкуренција на францускиот магазин „Франс фудбал“ за годинава. Двата клуба се во игра за признанија во машка и во женска конкуренција: „Златна топка“ за најдобар фудбалер и фудбалерка, „Копа“ за млади играчи до 21 година, „Јохан Кројф“ за тренери, „Јашин“ за голмани и признанијата за најдобри клубови. На 69-та церемонија, на 22 септември, во Париз, ќе бидат доделени и награди „Герд Милер“ за најдобрите стрелци во двете конкуренции и признанието „Сократес“.
„Франс фудбал“ објави по 30 кандидати за „Златната топка“. Во женска конкуренција во трка се две претходни победнички, Аитана Бонмати (признанието го освои во 2023 и во 2024 година) и Алексија Путејас (2021 и 2022 г.) од Барселона. Во машка конкуренција ќе има нов победник (досега 46 фудбалери ја добија таа награда). За годинашните награди се земени предвид резултатите од 1 август лани до 31 јули годинава.
Наградата „Златна топка“ е создадена од магазинот „Франс фудбал“, се доделува од 1956 година за мажи, од 2018 година за жени, а во изборот гласаат новинари од првите 100 земји на ранг-листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за наградата за мажи и првите 50 земји рангирани од ФИФА за наградата за жени, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).

Кандидати за „Златна топка“, мажи: од ПСЖ Усман Дембеле, Дезир Дуе, Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими, Нуно Мендеш, Жоао Невес, Витиња, Квича Кварацхелија и Фабијан Руиз, од Барселона Педри, Ламине Јамал, Роберт Левандовски и Рафиња, од Ливерпул Вирџил ван Дајк, Мохамед Салах, Алексис Мекалистер и Флоријан Вирц, од Реал Мадрид Џуд Белингем, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, од Интер Дензел Дамфрис и Лаутаро Мартинез, од Баерн Микаел Олисе и Хари Кејн, од Арсенал Деклан Рајс и Виктор Ѓокереш, Кол Палмер (Челси), Серху Гираси (Борусија Д.), Ерлинг Холанд (Манчестер сити) и Скот Мектоминеј (Наполи). Номинирани за „Златна топка“, жени: од Арсенал се Лија Вилијамсон, Клое Кели, Алесија Русо, Мариона Калдентеј, Стеф Кетли, Емили Фокс и Фрида Леонардсен, од Барселона Аитана Бонмати, Патри Гијаро, Клаудија Пина, Алексија Путејас, Каролин Хансен и Ева Пајор, од Челси Луси Бронз, Хана Хемптон, Сенди Балтимор и Јохана Ритинг Канерид, од Баерн Клара Бул и Пернил Хардер, од Лион Мелчи Думорнеј и Линдзи Хипс, од Орландо Барбра Банда и Марта, Софија Канторе (Вашингтон), Темва Чавинга (Канзас), Кристијана Гирели (Јувентус), Естер Гонзалез (Готам), Аманда Гутиерес (Палмеирас), Клара Матео (Париз) и Керолин Вир (Реал М.).

Н.М.