Медицински совет
Истражување спроведено од тим експерти од Шпанија откри дека пиењето зелен чај може значајно да ги подобри мозочната функција и когнитивното здравје. По низа контролирани експерименти, истражувачите откриле дека клучните соединенија присутни во зелениот чај, како катехините и кофеинот, имаат позитивен ефект за заштита од невродегенеративни болести.
Овие соединенија помагаат за подобрување на поврзаноста и зголемување на активноста во делови од мозокот поврзани со работната меморија и вниманието. Студијата откри дека редовната консумација на зелен чај може да обезбеди заштита од невродегенеративни болести, вклучувајќи Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Антиоксидантите присутни во зелениот чај помагаат во намалување на оксидативниот стрес и воспаленијата во мозокот, за кои е познато дека придонесуваат за овие состојби.
Освен поради своите когнитивни придобивки, зелениот чај долго време бил фален поради способноста да помогне во слабеењето. Ново истражување дополнително ги потврдило овие тврдења, бидејќи покажало дека комбинацијата на катехини и кофеин може да го поттикне метаболизмот и да ја подобри оксидацијата на мастите. Со вклучување на зелениот чај во избалансираната исхрана, поединците може поефикасно да ги постигнат своите цели за слабеење, стои во резултатите од истражувањето. Иако зелениот чај нуди неверојатни придобивки, не треба да се смета за чудотворен лек. Наместо тоа, треба да се смета за комплементарен додаток на здравиот начин на живот. Како и кај секој пијалак, умереноста е клучна.

































