ШАХ – ПОЕДИНЕЧНО ЕП 2026
Четворицата македонски претставници на 26. поединечно Европско првенство (ЕП) во шах во Катовице (Полска) во 2. коло освоија вкупно 2,5 поени. Единствената победа ја оствари ФМ Антон Златков (рејтинг 2.299, рангиран 254. пред ЕП), кој со бели фигури го надигра Унгарецот Фрузина Сенте Варга (2.078, рангиран 390.). ФМ Андреј Велјаноски (2.255, рангиран 287.), кој приреди големо изненадување во првото коло, победувајќи шахист со 218 поени поголем рејтинг, повторно одигра одлично, ремизирајќи со бели фигури со Гркинката ИМ Ставруола Цолакиду (2.452, рангирана 127.). ИМ Тони Лазов (2.389, рангиран 183.) го подели поенот со црни фигури против квалитетниот ИМ од Франција Тимот Разафиндрасима (2,537, рангиран 56.). Вторпат ремизира ИМ Емил Ристески (2.416, рангиран 152.) со бели фигури против ФМ од Хрватска Даворин Бубаловиќ (2.087, рангиран 388.).
По ова коло, според дополнителните критериуми, Велјановски е 64. со 1,5 поен, но и новоосвоени 22 рејтинг-поени, Лазов е 120., исто така со 1,5 поен, Златков е 201. со еден поен, колку што има и Ристески моментално на 338. место. Прворангиран на ЕП 2026, кое се игра во 11 кола, во конкуренција на 501 шахист од 41 држава (94 ВМ), е ВМ од Украина Игор Коваленко (рејтинг 2.685), кој засега со една победа и еден пораз е на 194-то место. Г.И.
































