Фото: Пиксабеј

Бананите често се храна за појадок или за ручек што ви помага да добиете енергија за денот…, но тие може да се јадат и пред спиење во комбинација со чај за подобар сон. Имено, науката стои зад препораката дека бананите можат да ви помогнат да имате подобар и поквалитетен сон, благодарение на уникатниот коктел од хранливи материи што ги содржи ова овошје и кои го поттикнуваат сонот. Бананите им помагаат на цревата правилно да функционираат, што придонесува за добар ноќен сон.
Бананите се моќен извор на пребиотици. Овие растителни влакна ги хранат здравите бактерии во цревата, промовирајќи сè, од подобро гастроинтестинално здравје до подобрена функција на мозокот. Но бананите исто така се природни лекови против стрес, според една студија од 2017 година – исхраната богата со пребиотици покажа дека помага во спречување стомачни тегоби во текот на постресни периоди. Но, исто така, студијата покажа дека влијанието на пребиотиците врз стресот останува во текот на ноќта, подобрувајќи го квалитетот на вашиот сон, поттикнувајќи мирен циклус на спиење и ублажувајќи ги нарушувањата на спиењето предизвикани од стрес.
Одредени хранливи материи што се наоѓаат во бананите, исто така, помагаат да се подготви телото за длабок освежителен сон. Триптофанот е аминокиселина што му е потребна на човечкото тело за да произведува мелатонин, хормонот што ни помага да заспиеме – а го има во изобилство во бананите. Според една студија од 2020 година, храната што содржи триптофан покажала подобрување на речиси сите мерки за квалитет на спиењето. И додека научниците знаат дека витаминот Б6 што се наоѓа во бананите му помага на триптофанот да произведува мелатонин, двата можат да дејствуваат заедно и за да ги намалат ноќните будења, според клиничко испитување.
Дури 60 проценти од луѓето не внесуваат доволно магнезиум во своето тело, а истражувањата покажаа дека ниските нивоа на магнезиум може да играат улога во нарушувањата на спиењето. Со оглед на тоа што речиси 10 проценти од вашите дневни потреби за магнезиум се достапни во една банана, јадењето една пред спиење може да ви помогне полесно да заспиете.