На 24-от републички натпревар „Млади библиотекари 2025“, кој се одржа во градската библиотека „Кочо Рацин“ во Кичево, првото место ѝ припадна на библиотеката од Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен, кој го претставуваше Ана Цветкоска, ученичка од ОУ„ Димитар Влахов“ од селото Љубојно.
На натпреварот учествуваа24 натпреварувачи и исто толку ментори.
– Првонаградената Ана Цветкоска, за титулата млад библиотекар 2025 од страна на организаторот доби таблет и благодарница. Второто место му припадна на Борис Василев, ученик од Радовиш, чиј ментор беше наставничката Каменита Костадинова-Атанасова, додека третото место го освои Теодора Гацовска, полуматурантка од битолското училиште „Коле Канински“ , под менторство на наставничката Симона Стаменковиќ-Сиљаноска. Следната година домаќин на натпреварот ќе биде училиштето на победничката од Ресен – истакна Маја Николоска Сиљаноска, портпаролка на Центарот за култура во Кичево.
Директорот на центарот Мазлам Османи во своето обраќање истакна дека на овој натпревар сите учесници се наедно и победници.
З. А.