Коктелите и некои цеден пијалаци најчесто се пијат со сламка, а иако изгледа неважно, тоа може да доведе до гасови и надуеност. Доктор Несохи Игбокве вели дека така внесувате вишок воздух што се нарекува аерофагија.
– Собирањето вишок воздух во гастроинтестиналниот тракт може да доведе до различни начини на ослободување на проголтаниот воздух – вели д-р Игбокве.
Исто така може да добиете и брчки. Според зборовите на сертифицираниот дерматолог Сејал Шах, џвакањето на сламката е една од секојдневните навики што предизвикуваат брчки, особено оние најситните околу усните. Се зголемува и ризикот од кариес. Пиењето од сламка изгледа како добро решение за избегнување кариес, но не е така. Шеќерот од газираните пијалаци или киселините од виното и кафето сè уште допираат до забите дури и кога пиете преку сламка.
Постои веројатност и да се здебелите затоа што преку сламката често се внесува повеќе течност. А ако пиете пијалаци со високи калории, тогаш ќе се здебелите. Покрај тоа, пиењето преку сламка го неутрализира мирисот на пијалакот и затоа е можно да испиете повеќе отколку што би испиле вообичаено.


































