Здраво, јас сум Сања Здјелар, имам 15 години и учам во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на професорот Аспарух Хаџи Христов.
Моето дружење со виолината почна уште кога имав 7 години.
Тогаш сѐ уште не бев свесна дека поседувам голем талент за музика, но со текот на времето го сфатив тоа. Кај мене љубовта кон овој инструмент се зголемува со секој нов ден. Мојот сон беше и сѐ уште е, да одржувам концерти насекаде низ светот и ќе направам сѐ тоа и да се оствари.
Имам натпреварувачки дух и пресреќна сум кога го претставувам она што сум го научила и совладала сите овие години со многу вежбање и одрекување.
Досега сум учествувала на повеќе натпревари и концерти и сум освојувала награди.
Би издвоила една наречена ,,лауреат“, што ја освоив 2011 година на натпреварот ,,Езерски бисери“ што се одржа во Струга.
Се надевам дека еден ден ќе ми се оствари она што го посакувам и за кое навистина секојдневно се трудам.
Срдечен поздрав до читателите на „Колибри“,
Сања Здјелар