По неколкуте успешни настапи летово, ексклузивците на продукцијата „Авалон“, момците од групата „Фанк Шуи“, деновиве го реализираа својот најнов видеоспот за песна „Крик“.
Видеозаписот го режираше Томи Акимовски заедно со членовите на „Фанк Шуи“, а сниман е на повеќе локации низ Скопје (училиштето „Ј.Х.Песталоци“, стариот студентски стан на Томи Акимовски, на зграда во населбата Карпош и во Музејот на современа уметност), како и на одредени планински делови од Македонија.
Продукцијата, миксот и мастеризацијата на „Крик“ се на Бен Милчев и на членовите на бендот, а песната е снимана во неколку студија: „Подрумот“, „Тра ла ла“ и „ДаПанк“.